(ВИДЕО) Судија погоден со шипка во глава, меч од аргентинска Примера е прекинат

Од:

Аргентинската Примера, елитната фудбалска лига на земјата, мечот меѓу Годој Круз и Талејрес е прекинат на полувремето, кога домашните навивачи со шипка го удрија линискиот судија во глава.

Додека играчите се подготвуваа да го продолжат дуелот пред почетокот на вториот дел од играта, помошниот судија му пријде на главниот судија со шипка и голема исеченица на челото.

Медицинскиот персонал му укажа помош на повредениот, а по кратко време поради вртоглавици тој е пренесен во болница.

По консултација со капитените, судијата Хаел Фалкон Перез одлучи да го прекине натпреварот.

„Нема можност натпреварот да продолжи, не можеме да дозволиме некој од нас да се повреди. Ако не ја прекинам играта, вакви работи ќе продолжат да се случуваат. Знам дека играчите не се виновни, одговорни се нецивилизираните навивачи“, изјави главниот судија.

Би можело да ве интересира

Меси ја спаси Аргентина од пораз на дуелот со Уругвај

Ана Ололовска