Група демонстранти се собраа во текот на денот пред комплексот на теренот на Флешинг Медоус за да протестираат против политиката на турнирот и отсуството на Новак Ѓоковиќ.
Демонстрантите носеа транспаренти за поддршка на Новак Ѓоковиќ, кој како невакциниран странски државјанин не можеше да влезе во Америка.
„Нема смисла, да застанеме до Новак, да застанеме до Новак!“, повикаа демонстрантите.
„Зошто шампионот на Вимблдон не може да дојде?“, праша друг демонстрант.
Генералното прашање беше зошто УС Опен стана „US closed“ и зошто не се укинува мерката за влез на невакцинирани странци.
Инаку, Новак во текот на денот потврди дека ќе игра на турнирот во Тел Авив на крајот на септември и почетокот на октомври.
“Why are we still closed? why is the US still closed? Where is Novak?” protester shouts at the crowds walking into the US Open today.
Protest outside US Open in Queens, NY for Novak Djokovic – “End All Travel Mandates”
Video by Steve Sanchez (FNTV https://t.co/MKhP0Go9IL) pic.twitter.com/wLTXOYlrJu
— Oliya Scootercaster (@ScooterCasterNY) August 29, 2022
Тоа ќе биде продолжение на еден многу интересен месец за него во кој ќе игра во Дејвис купот и Лејвер купот.