Поранешниот светски шампион на 100 метри и освојувач на два олимписки медали, американскиот атлетичар Фред Керли (29) е приведен по расправија со полицајци во Мајами. Инцидентот се случил додека полицијата работела на случај, а Керли се приближил до областа и се обидел насилно да влезе во неговото возило, кое било паркирано во близина.
Полицијата вели дека Керли „се обидел насилно да се пробие низ двајцата полицајци“ и покрај нивните барања тој да ја избегне областа.
На снимката од камерите на телото објавена од полицијата на Мајами Бич се гледа како американскиот спринтер со својата девојка се расправа со група полицајци. Неговото однесување станува сè поагресивно, што довело до пресметка со полицијата.
This is COMPLETE OVERUSE OF FORCE by the Miami-Dade Police against Fred Kerley.
The same Fred Kerley, who just finished representing the USA and winning a Bronze Medal in the 100m at the 2024 Olympics in Paris. How do you represent your country and come home to unnecessary beat… pic.twitter.com/BMnf5tys8d
— Robert Griffin III (@RGIII) January 4, 2025
Четворица полицајци се обиделе да го приведат Керли, кој пружил отпор, па полицијата употребила електрошокер за да го смири.
„И покрај напорите на полициските службеници за деескалација на ситуацијата, пријавениот заземал борбен став и продолжил да ги игнорира нивните законски наредби. При обидот на полициските службеници да го приведат, тој активен им се спротивставил“, велат од полицијата.
Керли е обвинет за отпор на полицаец и непристојно однесување, а неговата девојка Клео Рахман исто така се соочува со обвинение за давање отпор на офицер.
„Ова изгледа како целосно недоразбирање“, изјави неговиот бранител Јеил Санфорд за локалните медиуми.
„Господин Керли е спортист кој соборува рекорди. Учествувал на Олимпијадата, тој е модел на граѓанин во нашата заедница. Ова не е ништо повеќе од претерана реакција на полицијата“, додаде тој.
Керли освои бронза на 100 метри на Олимпијадата во Париз минатата година и сребро на Олимпијадата во Токио. Тој исто така освои шест медали на Светските првенства, вклучувајќи го и светското злато на 100 метри во 2022 година во Јуџин