ВИДЕО: Навивачите на АЕК ги нападнаа своите фудбалери

Од:

Средбата од претпоследното 29-то коло на грчкиот фудбалски шампионата меѓу атински АЕК и Пантракикос беше прекинат во 87. минута при резултат 0:1, бидејќи незадоволните домашни навивачи влетале на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со играчите на својот клуб.

Во натпреварот кој одлучуваше за опстанокот во лигата гостите повеле со автоголот на Бугаидис во 84. минута од мечот, што ја предизвикало гневната реакција на навивачите, а играчите на двата тима спасот го побарале во соблекувалните.