(ВИДЕО) Најгласната тенисерка во светот е погласна од моторна пила и автомобилска сирена

Од:

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е позната не само по својата сила и успех на теренот, туку и по нејзините екстремно гласни извици за време на натпреварите. Во натпреварот против Ема Радукану на Вимблдон, таа постави нов рекорд – нејзините извици достигнаа 113 децибели.

Тоа е повеќе отколку што произведува автомобилска сирена, и само малку потивко од лавовско рикање.

Претходната носителка на рекорд, Португалката Мишел Ларшер де Брито, беше позната по 109 децибели, но Сабаленка сега официјално ја надмина и ја освои титулата најгласна тенисерка на ВТА турнирите.

За време на натпреварот против Радукану, кој Сабаленка го доби во два сета и се пласираше во осминафиналето, таа го покажа својот препознатлив интензитет – и во играта и во гласот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сабаленка обезбеди финале на Ролан Гарос

А1он

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Мадрид