(ВИДЕО) Надал официјално се збогуваше со Ролан Гарос: Ништо не би било исто без соперништвото со Енди, Новак и Роџер

Од:

Рафаел Надал се збогуваше со публиката во Париз, на церемонија одржана во негова чест на крајот од дневната програма на првиот ден од Ролан Гарос.

Освојувачот на 14 трофеи на овој турнир излезе на теренот „Филип Шатрие“ во костум, и и се обрати на публиката на трибините исполнети до врв, во негова чест, сите во публиката носеа маички на кои пишуваше „Мерси, Рафа“.

„Доживеав многу емоции на овој терен. Голема благодарност до сите во организацијата, бидејќи ми дадоа можност да се збогувам вака, на она што сигурно е најважниот терен во мојата кариера. Неверојатна приказна што започна во 2004 година кога првпат дојдов на Ролан Гарос. Едвај можев да одам поради повреда на стапалото, а потоа дојдов на теренот со патерици, надевајќи се дека ќе играм следната година“, рече Надал, а потоа додаде:

„На 18 години, во 2005 година, дојдов тука и го одиграв мојот прв натпревар против мојот пријател од детството и голем ривал, Ришар Гаске. Од тој момент сфатив што значи Ролан Гарос. Доживеав сè во овие 20 години, ги имав најголемите ривали како Енди, Новак и секако Роџер. Ништо не би било исто без тие соперништва, кои нè правеа сите да растеме од ден на ден. Нема зборови да ви се заблагодарам на сите за сè што направивте за мене.“

Ролан Гарос е на програмата од 25 мај до 8 јуни, а единствениот од трите најголеми ривали на Надал што ги спомена во својот говор, Новак Ѓоковиќ, го игра својот прв натпревар во вторник против Макензи Мекдоналд.

Би можело да ве интересира

Надал: Синер и Алкараз ќе ја надминат „големата тројка“

А1он

Надал одговори на вечното прашање: Кој е најдобриот од големата тројка?

А1он