(ВИДЕО) Меси со емотивно видео се збогува со Нејмар

Од:

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси со емотивна видео порака на својот профил на Инстаграм се збогува од досегашниот соиграч Нејмар.

„Беше вистиснко задоволство да се споделуваат со тебе сите овие години пријателу. Ти посакувам среќа во новиот период од твојот живот. Многу те сакам“, вели Меси во видеото, во кое преовладуваат заедничките фотографии меѓу двајцата пријатели.

Мејмар заминува да игра за францускиот Пари Сен Жермен за 222 милиони евра. Барселона соопшти дека Нејмар ќе може да го напути клубот кога ќе бидат исплатени сите срествата од откупната клаузула.