(ВИДЕО) Луис Суарез e суспендиран на шест натпревари поради плукање на помошник тренер

Од:

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (38), доби суспензија од шест натпревари откако плукна член на тренерскиот штаб на Сиетл Саундерс по финалето на Лига Купот во неделата, одлучи Организацискиот комитет на натпреварувањето, пишува ESPN.

Инцидентот се случи откако Саундерс победија со 3:0 против Мајами. По последниот свиреж на судијата, избувна тепачка во која Суарез плукна врз член на противничкиот штаб.

Во општиот хаос, играчот од средниот ред на Мајами, Серхио Бускетс го удри Обед Варгас од Сиетл, а дефанзивецот Томас Авилес учествуваше во агресивното однесување.

Поради учеството во насилниот инцидент, Бускетс доби суспензија од два натпревари, а Авилес три.

Санкции беа изречени и врз член на тренерскиот штаб на Сиетл Саундерс, Стивен Ленхарт, кој доби суспензија од пет натпревари поради кршење на правилата на натпреварувањето.

Full post-match melee between Seattle Sounders and Inter Miami
byu/Goosedukee insoccer

Бидејќи Лига Купот е годишен турнир на клубови од МЛС и мексиканската Лига МХ, изречените суспензии ќе важат само за изданието во 2026 година. Треба да се напомене дека договорите на Суарез и Бускетс со Мајами истекуваат на крајот од оваа сезона, што значи дека тие можеби воопшто нема да ја отслужат суспензијата ако го напуштат Интер Мајами.

Во меѓувреме, Суарез се огласи на социјалните мрежи и го објасни своето однесување.

Тоа беше момент на голема тензија и фрустрација, каде што веднаш по завршувањето на натпреварот се случија работи што не требаше да се случат, но тоа не ја оправдува мојата реакција“, напиша Суарез и додаде:

Направив грешка и искрено се извинувам. Тоа не е сликата што сакам да ја претставам пред моето семејство, кое страда поради моите грешки, пред мојот клуб, кој исто така не заслужува да биде засегнат од нешто вакво“. Наскоро, Интер Мајами се огласи, наведувајќи во соопштение за медиумите дека клубот ги осудува судирите што се случија по завршувањето на финалето на Лига Купот“.

Суарез е еден од најголемите стрелци во изминатите децении, но е познат по своите диви испади.

Ги касна своите ривали Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кјелини, а расистички го навредуваше Патрис Евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Суарез почна да гризе и „по своите“

А1он