(ВИДЕО) Линдзи Вон: За малку ќе останев без нога

Од:

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Американката Линдзи Вон, изјави дека речиси ја изгуби ногата по силниот пад на Зимските олимписки игри во Италија и му се заблагодари на докторот кој ја спаси од ампутација.

Скијачката ѕвезда имаше шест операции откако ги скрши ногата и глуждот на женскиот спуст во Италија на 8 февруари.

Во видео објавено на нејзиниот Инстаграм профил, таа му се заблагодарила на хирургот што ѝ ја спаси ногата и ја опиша повредата како „најекстремна, најболна и најпредизвикувачка“ во нејзината кариера.

Ногата ми беше „на парчиња“, рече таа.

Имав компартмент синдром, притисок во мускулите, што го ограничува протокот на крв, а хирургот ме оперираше итно за да го намали притисокот, додаде таа.

„Д-р Том Хакет ми ја спаси ногата – ја спаси од ампутација“ вели Вон.

„Ми ги отвори двете страни од ногата, така што беше отворена и ја остави да дише, така да се каже. Ме спаси“, рече 41-годишната скијачка.

Вон, која се врати во Соединетите Држави минатата недела по четири операции во Италија, рече дека сега е надвор од болница и дека е преместена во хотел, опишувајќи го тоа како „огромен чекор“.

Ќе бидам во инвалидска количка „некое време“ затоа што покрај ногата, го скршив и глуждот, додаде таа.

Вон се натпреваруваше на Олимписките игри девет дена откако ги скина лигаментите на левото колено.

Тринаесет секунди откако ја започна трката по спуст, таа удри во капијата, се заврте во воздух и се урна на патеката.

Таа беше однесена од пистата со хеликоптер и префрлена во болница, каде што лекарите ѝ дијагностицираа повеќекратни фрактури.

По враќањето во САД, Вон рече дека имала уште една шестчасовна операција.

Имала потреба од трансфузија бидејќи имала „низок хемоглобин поради претходните операции каде што изгуби многу крв“.

„Излегов од болница, но патувањето ќе биде долго, моментално сум во инвалидска количка, речиси неподвижна“ вели таа.

Би можело да ве интересира

Крај на Олимписките игри за големата американска ѕвезда: Вон падна и тешко се повреди

Горан Наумовски

Американската скијачка Линдзи Вон ќе се натпреварува на Зимските олимписки игри и покрај повредата на коленото