Кошаркарот Џек Тејлор, кој настапува за Универзитетот Гринел постави нов НЦАА рекорд од 138 поени во победата над Фeит Баптист со 179:104.
Тејлор на теренот мина 36 минути притоа упатувајќи 108 шутеви кон кошот. Играчот на Гринел погоди 27 од 71 обиди за тројка, 25 од 37 за два поени и 5 од 10 од линијата за слободни фрлања.