(ВИДЕО) Чудо од тенисер – игра без бекхенд, сонува да го надмине Ѓоковиќ

Од:

Теодор Давидов (15) е вистинска тениска сензација во светот на јуниорскиот тенис. За разлика од сите тенисери, тој има специфичен стил на игра, кој вклучува користење на два форхенди додека постојано го менува рекетот од рака во рака.

Покрај тоа, Теодор постојано станува вирален на социјалните мрежи поради својот специфичен стил, а сега ќе стане најмладиот играч на АТП листата откако го победи Џон Сперл, 818-ти на АТП ранг-листата, со резултат од 7:5, 6:4. Дефинитивно играч што треба да се следи.

Тео е роден во Софија, Бугарија, но неговото семејство се преселило во Денвер, Колорадо, кога имал само една и пол година. Тој пораснал во Колорадо и се преселил во Брадентон, Флорида со своето семејство пред неговиот 11-ти роденден.

– Го открив тенисот како бебе. Мојот татко – кој сега е мој тренер – закачи тениско топче на конец и ми даде мал рекет. Почнавме да излегуваме на теренот кога имав две и пол години. Татко ми забележа дека мојот форхенд со левата рака не е толку лош – рече Давидов.

За разлика од повеќето, Давидов не користи бекхенд. Тој почнал да развива уникатен стил со два форхенди на осумгодишна возраст, по предлог на неговиот татко.

– Тоа беше идеја на татко ми. На почетокот сакаше да ја подобри мојата координација, но забележа дека мојот левачки форхенд – иако е деснак – воопшто не беше лош. Затоа почнавме да го тренираме сè повеќе и повеќе. Луѓето кои никогаш не ме виделе во живо често го критикуваат мојот стил на игра. Сепак, секој што ме гледа на теренот ми вели да продолжам да го правам тоа што го правам – вели Теодор.

Интересно е што, како Новак Ѓоковиќ, тој сака скијање, но и риболов, сурфање и има слични амбиции. Имено, сака да биде најдобар на сите времиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандалозно однесување – на сред меч погледна во мобилниот, па го загуби дуелот во кој водеше

А1он