Арсенал забележа минимална победа од 0:1 на гостувањето кај Виган. Оваа победа беше трета во низа за лондонскиот клуб кој изби на третата позиција со 30 освоени бодови.
Tопџиите единствениот гол на средбата го постигнаа по точно еден час игра, Волкот беше фаулиран во шестанесетникот на домашнита, а од пенал прецизен беше Артета.
Арсенал сега има само 6 бодови засотанување зад вториот Сити, но „граѓаните“ имаат натпревар помалку.
Виган сеуште е во зоната за испаѓање со 15 освоени бодови.