Дербито меѓу Евертон и Ливерпул, кое понуди неколку интересни ситуации, но заврши без голови, е официјално најгледаниот натпревар во историјата на Премиер лигата, јавуваат медиумите од Англија.
Пет и пол милиони луѓе во Велика Британија го проследиле натпреварот на „Гудисон Парк“, покажуваат официјалните бројки од „Скај спортс“ – телевизијата што го емитуваше вчерашниот натпревар.
Претходниот најгледан натпревар во Премиер лигата, што го пренесуваше истиот канал, беше победата на Манчестер Сити со 1:0 против Манчестер Јунајтед во 2012 година.
Британската влада му препорача на „Скај“ да понуди некои натпревари за бесплатно гледање, поради неможноста на гледачите да бидат на стадионите, во баровите или да ги гледаат во група.
Така, телевизијата натпреварот го емитуваше бесплатно на каналот „Пик“, каде го следеа вкупно 1,9 милиони луѓе.