Дефанзивецот Самуел Умтити се уште нема намера да ја напушти Барселона. Французинот одбива да ги разгледа добиените предлози и има намера да остане во тимот до крајот на договорот што истекува во 2023 година.
Барселона е бесна на ваквото однесување, пренесува „Диарио Спорт“. Блауграна за Умтити изјави дека ова однесување е неприфатливо.
Во следните денови, Каталонците повторно ќе му понудат на дефанзивецот да ги разгледа добиените понуди.
Доколку Умтити одбие, Каталонците се подготвени да преземат драстични мерки – на пример, раскинување на договорот.