Украдена актовката на бразилскиот фудбалер Зико, чија содржина е вредна 500.000 евра

Од:

На поранешниот бразилски фудбалер и член на олимписката делегација Артуро Антунес Коимбра, познат како „Зико“, му ја украле актовката, чија содржина се проценува на 500.000 евра.

Како што пренесува La Parisienne, Антунес Коимбра го напуштил хотелот и се качил во такси, каде што ја ставил актовката на задното седиште.

Откако излегол, едно лице му пришло на таксистот за да му го одвлече вниманието, а друго лице ја искористило ситуацијата и ја грабнало актовката.

Во актовката имало часовник Ролекс, дијамантско ланче и банкноти од 2.000 евра и 2.000 долари.

Полицијата отвори истрага за пронаоѓање на сторителите, а истрагата и е доверена на Бригадата за борба против разбојништвото.

Зико го имаше и прекарот „Белиот Пеле“ и беше еден од најдобрите бразилски играчи во 1980-тите.

Тој постигна вкупно 370 гола за неговиот клуб Фламенго во периодот од 1971 до 1983 година.

Според некои спортски аналитичари, тој бил еден од најдобрите играчи кои никогаш не го освоиле Светското првенство, заедно со Мишел Платини.

Тој е познат и по тоа што промаши пенал против Франција во четврт-финалето на Светското првенство 1986 година.

Потоа ја започна својата тренерска кариера, а беше селектор на Јапонија во периодот од 2002 до 2006 година.