Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија (кошаркарки до 18 години) со убедлив пораз вечерва го почна настапот на Европското првенство – Б дивизија во Даблин, Република Ирска.
Селекцијата на домаќинот ја победи Македонија со 89:43. Резултат по четвртини: 22:7; 25:13; 21:15 и 21:8. Домашната репрезентација со убедливата победа ја потврди фаворитската улога на овој шампионат.
Во редовите на Македонија Теа Митрева беше единствената кошаркарка со двоцифрен број поени – 11. Утре во натпревар од 2.коло од Ц групата Македонија ќе игра против селекцијата на Украина.