Српскиот репрезентативец во ракомет Далибор Чутура доживеа голема семејна трагедија – го загуби 9-годишниот син кој настрада на бизарен начин.
Имено во шпанскиот град Леон, каде Далибор игра за тамошниот клуб Адемар, неговиот син се играл во парк и се степал со три момчиња, како што велат очевидците едно од момчињата го погодило со камен во глава.
Веднаш стигнала брзата помош и момчето покажувало знаци на живот, но имало тешки повреди на главата. Во болницата во Леон докторите не успеале да му го спасат животот, само констатирале смрт на помладиот од двата сина на Далибор.
Истражниот судија наложи обдукција, бидејќи не може да се заклучи дека ударот со камен бил фатален.
Далибор Чутура последнниве две недели се подготвува со српската репрезентација во ракомет за настап на Олимписките игри во Лондон, но по оваа трагедија не е сигурно дали ќе настапи.