Тен Хаг го презема кормилото на Баер Леверкузен

Од:

Работата е практично завршена – Ерик Тен Хаг ќе биде на клупата на Баер Леверкузен следната сезона.

Актуелниот тренер на Манчестер Јунајтед ќе потпише договор со „фармацевтите“ до јуни 2027 година, а промоцијата треба да се случи утре, според фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.

Тој ќе го наследи Чаби Алонсо на клупата, кој замина во редовите на Реал Мадрид.

Тен Хаг претходно одби да се врати во Ајакс, каде што работеше од 2017 до 2022 година.

Холандскиот тренер го напушти Јунајтед во октомври 2024 година.

Со „Ѓаволите“ го освои ФА Купот во 2024 година и Лига Купот во 2023 година.

Во својата кариера, 55-годишниот стручњак работеше и во Го Ахед Иглс, вториот тим на Баерн Минхен, и во Утрехт.