Светско првенство во атлетика во Лондон – две Украинки паднаа на допинг-тест пред Лондон

Од:

Две украински спринтерки нема да се натпреваруваат на Светското првенство во атлетика во Лондон, откако добија условни суспензии поради допинг-прекршоци.

Како што објави Одделот за интегритет на атлетиката (АИУ), станува збор за Олесја Повх и Оља Земљак кои се суспендирани поради „користење на недозволено средство“.

Повх требаше да трча на 100 метри и во штафетата 4х100 метри, додека Земљак требаше да трча на 400 метри, дисциплина во која освои европско сребро во 2014 година.