Андреј Стојановски од Пливачкиот клуб Бета во машка конкуренција и Миа Крстевска од Пливачкиот клуб Орион во женска конкуренција се победници на 38-то издание на Илинденскиот пливачки маратон долг 2.5 километри.
Стојановски со време (31:19.10 минути) прв ја помина целта и по шести пат триумфираше на патеката од Хотелот Парк до Градското пристаниште, додека Крстевска со триумф го круниса дебитанското учество на малиот маратон (36:02.60 минути).
На втората позиција во машка конкуренција над 16 години се пласираше Мартин Тодоровски, додека третопласиран заврши охриѓанецот Милан Китевски.
Во женска конкуренција втора финишираше Марија Ристовска , а трета заврши Јана Марковиќ.
Во категоријата под 16 години во машка конкуренција победи Денислав Косто, додека во женска триумфираше Јана Милковска. Место на пиедесталот кај машките обезбедија уште Андреј Стојчев и Андреј Стојаноски, а кај женските Калина Захариева и Сара Иваноска.
Годинешното 38-то издание на Илинденскиот пливачки маратон беше збогатено со три пливачи од Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби “Дајте ни крилја” од Скопје.