Србија и Хрватска ќе се борат за златото во ватерполо

Од:

Ватерполо репрезентацијата на Србија ќе игра за златото против актуелниот олимписки шампион, репрезентацијата на Хрватска, откако во полуфиналето Србите ги совладаа Италијаните со 10:8 (3:0, 3:2, 1:0, 3:6).

Србите со победата во полуфиналето веќе го обезбедија шестиот медал во Рио. Претходно Хрватите ја совладаа репрезентацијата на Црна Гора со 12:8.