Швионтек суспендирана поради допинг

Од:

Втората тенисерка во светот, Ига Швионтек е суспендирана на еден месец поради позитивен тест на забранета супстанца, но поради привремената забрана ќе може да се врати на теренот на 4 декември, соопшти денеска Агенцијата ИТИА.

„ИТИА потврдува дека полската тенисерка Ига Швионтек прифати едномесечна суспензија откако беше позитивна на тестот за забранетата супстанција – триметазидин, во примерокот земен во август 2024 година“, се вели во соопштението.

Швионтек била позитивна на допинг тест поради контаминација на лекот што го користела за да и помогне да спие. Нејзината вина се смета за најмалку можна „без значителна грешка или небрежност“.

23-годишната тенисерка отслужи поголем дел од казната, бидејќи беше под привремена суспензија од 12 септември до 4 октомври.

Во текот на овие три недели, поранешниот светски рекет број еден не можеше да учествува на азиската турнеја, вклучувајќи ги и ВТА турнирите во Пекинг и Вухан.

Во соопштението ITIA се додава дека информацијата за позитивниот тест не била веднаш објавена, бидејќи петкратниот Грен слем шампион се жалел на привремената забрана.

Овој случај потсетува на неодамнешната ситуација со светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, кој во март годинава двапати беше позитивен на допинг тест.

ITIA го ослободи Синер од обвиненијата за допинг, додека Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поднесе жалба на одлуката.

Би можело да ве интересира

Швјонтек – Кенин во женското финале на „Ролан Гарос“

Жарко Настоски