Шок во Англија – Борнмаут го победи шампионот Манчестер Сити

Од:

Кој би помислил? Фудбалерите на Борнмаут го победија големиот Манчестер Сити на својот стадион со резултат 2:1 во 10. коло од Премиер лигата и направија големо изненадување.

Ова е четврта победа за Бурнемаут сезонава, додека Манчестер Сити првпат беше поразен и сега ќе заостанува два бода зад Ливерпул, кој по пресврт го победи Брајтон.

Сè започна во 9. минута, кога Семењо беше брилијантно поставен во шеснаесетникот и ја прими топката, се сврте и ја испрати топката во мрежата на Манчестер Сити.

Навивачите „полудеа“ на трибините и Борнмаут поведе со 1:0.

Долго го чекавме одговорот на Сити. Тоа го искористи Борнмаут во 64. минута, кога Еванилсон одлично реагираше во шеснаесетникот по контра напад и ја протна топката покрај голманот на „граѓаните“.

Можеби Едерсон можеше подобро да реагира во оваа ситуација, но Еванилсон направи се што беше потребно за да постигне гол и да го зголеми водството на 2:0.

Почесниот гол за гостите во светлосини дресови го постигна Хрватот, Јошко Гвардиол кој со глава ја затресе мрежата на Борнмаут и само го ублажи поразот на Сити.

Би можело да ве интересира

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лејтон Ориент во ФА Купот

(ВИДЕО) Избувна пожар пред стадионот на Манчестер Сити

Горан Наумовски

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1