Сердарушиќ и Јанг финалисти на скопскиот фјучрс

Од:

Нино Сердадрушиќ од Хрватска и Цунг-Хуа Јанг од Тајпех ќе играат во утрешното финале на скопскиот тениски фјучрс турнир што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Двајцата денеска без поголеми проблеми ги совладаа своите ривали во полуфиналните мечеви.

Сердарушиќ го победи првиот носител Давид Пихлер од Австрија со 6:2 и 6:3 во гемови и со тоа го повторни успехот од претходната недела кога беше финалист. Јанг во два сета беше поуспешен од Виктор Филипенко од Унгарија со 6:3 и 6:1 во гемови.

Финалниот меч на терените на ТК „Тенис парк“ ќе се одигра утре со почеток во 10 часот.