Седум македонски тенисери ќе бидат дел од главниот турнир на вториот фјучрс што од утре ќе стартува на терените на ТК „Тенис парк“ во Скопје. Директен пласман обезбедија двајца играчи според рангот: Томислав Јотовски (носител број 6); и Димитар Грабул.
Тројца ќе настапат со „вајлд карти“: Стефан Мицов, Горазд Србљак и Бесир Дургути, додека двајца успешно ги минаа квалификациите: Шендрит Деари и Давид Мицевски.
Во првото коло ќе има и два „македонски меча“: Грабул против Дургути и Мицов против Србљак. Јотовски ќе игра Дује Кекез од Хрватска, а Деари ќе игра против Ерик Калегуер од Бразил, најтежок противник има Мицевски кој ќе игра против третиот носител и финалистот од првиот фјучрс Нино Сердарушиќ од Хрватска.
Македонските тенисери своите мечеви од 1.коло ќе ги играат на 2.август во среда, а утре на првиот ден ќе настапат само тие што ќе играат во конкуренција на двојки.