Самуел Ето проневери над 500.000 евра од пријателски натпревар на Камерун со Русија

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун и легендарен фудбалски напаѓач, Самуел Ето, се најде на удар на сериозни обвинувања од страна на поранешни раководни лица во федерацијата.

Како што пренесува „Тајмс“, поранешни функционери тврдат дека Ето проневери повеќе од 500.000 евра заработени од пријателскиот натпревар меѓу Русија и Камерун.

Според изворот, на приватната сметка на поранешниот фудбалер на Барселона и Интер се уплатени две суми – првата во висина од 455.056 евра, а втората од 112.514 евра. Станува збор, како што се наведува, за пари што претставувале договорен надомест за Фудбалската федерација на Камерун за гостувањето на националниот тим во Москва.

Камерун играше против Русија на 12 октомври 2023 година, а средствата поврзани со тој натпревар сега станаа предмет на сериозни прашања.

Пред повеќе од една година, поранешните функционери на федерацијата поднесоа официјален извештај до Етичкиот комитет на ФИФА. Сепак, тие тврдат дека до денес не добиле информации за тоа до каде е стигната истрагата, ниту што на крајот се случило со спорните пари.

Ситуацијата дополнително се усложнува поради односот на Ето со првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино.

Четириесет и петгодишниот Камерунец јавно го поддржуваше и бранеше Инфантино во изминатиот период, меѓу другото, и во контроверзиите што следеа по комерцијализацијата на правата за Светските првенства.

Би можело да ве интересира

Ето ја исфрли ѕвездата од репрезентацијата само за да се зачува неговиот рекорд?

А1он