Салах се скарал со челниците на фудбалскиот сојуз и ја напушти репрезентацијата

Од:

Фудбалерот на Египет, Мохамед Салах ја напушти репрезентацијата на Египет по поразот од Русија со 3:1, незадоволен од условите и атмоферата во репрезентацијата.

Тој најави дека нема да настапи на последниот натпревар од групната фаза против Саудиска Арабија.

Фудбалерот на Ливепрул влегол во судир со челниците на египетскиот фудбалски сојуз поради тоа што немал мир за време на припремите за Мундијалот, бидејќи во кампот им доаѓале бизнисмени, роднини, па дури и некои познати личности од Египет.

Салах сакал со екипата да се излоира и да се сконцентрира за Мундијалот, но таа желба не му била исполнета.

Претседателот на фудбалскиот сојуз, Хани Абуреда се обидел да го убеди Салах да ја промени оваа одлука, но очилегдно не успеал во тоа.