Сакаше да се тепа со навивач – Симеоне суспендиран по хаосот во Ливерпул

Од:

Пред крајот на натпреварот од ЛШ помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид (3:2), гостинскиот тренер Диего Симеоне влезе во кавга со домашните навивачи, а редарите го спречија да влезе во физички конфликт.

Симеоне сакаше да се пресмета со еден од домашните фанови, па доби црвен картон, а сега стигна казната – суспендиран е на еден натпревар поради неспортско однесување.

Атлетико вечерва гостува кај Ајнтрахт во Франкфурт, без Аргентинецот на клупата.

УЕФА го казни и Ливерпул, но само финансиски – со 4.000 фунти за фрлање предмети на теренот.

Никој, сепак, не ја спомена истрагата за наводите дека помошникот на Симеоне плукнал навивач на Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Симеоне стана најуспешниот тренер во историјата на шпанската Ла Лига

А1он

Симеоне: Ќе направам сè за Алварез да се чувствува важен во Атлетико

А1он