Сакаше да се тепа со навивач – Симеоне суспендиран по хаосот во Ливерпул

Од:

Пред крајот на натпреварот од ЛШ помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид (3:2), гостинскиот тренер Диего Симеоне влезе во кавга со домашните навивачи, а редарите го спречија да влезе во физички конфликт.

Симеоне сакаше да се пресмета со еден од домашните фанови, па доби црвен картон, а сега стигна казната – суспендиран е на еден натпревар поради неспортско однесување.

Атлетико вечерва гостува кај Ајнтрахт во Франкфурт, без Аргентинецот на клупата.

УЕФА го казни и Ливерпул, но само финансиски – со 4.000 фунти за фрлање предмети на теренот.

Никој, сепак, не ја спомена истрагата за наводите дека помошникот на Симеоне плукнал навивач на Ливерпул.