Роналдо по вторпат во Скопје

Од:

Најголемата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо во вторник по вторпат ќе игра на натпревар во

Скопје. Роналдо пред 14 години со младинската репрезентација на Португалија играше официјален квалификациски натпревар против врсниците од Македонија на стадионот во Чаир.

Инаку, почнувајќи од утре во Скопје се очекува да почне помасовното пристигнување на странски гости кои ќе го следат фудбалскиот натпревар од УЕФА Суперкупот меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид што ќе се одигра во вторник.

На Телеком арената ќе истрчаат едни од најплатените фудбалери на денешницата: Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Давид де Геа, Пол Погба, Лука Модриќ, Карим Бензема, Герет Бејл, како и најзвучните тренерси имиња Жозе Мурињо и Зинедин Зидан. Двата тима заедно вредат околу 1,27 милијарди евра. Двата фудбалски тимови ќе пристигнат на аеродромот „Александар Велики“ в понеделник попладне.