Роберто Манчини се врати за да ја спаси Сампдорија, на прагот се да испаднат во трета лига

Од:

Клупските легенди Роберто Манчини, Атилио Ломбардо и Алберико Евани се враќаат во Сампдорија за да се обидат да го спасат италијанскиот фудбалски гигант кој се бори за опстанок во втората лига.

Откако пред две сезони испадна од елитната класа на италијанскиот фудбал, Сампдорија е и на прагот да испадне од Серија Б.

Моментално е на 18. место од 20 клуба со 32 бода, колку што има Реџано на 17. место кое води во плеј-офот. Безбедносната зона е на три бода, а до крајот на сезоната остануваат уште шест кола.

Во понеделник, поранешниот тренер Леонардо Семпличи и неговиот штаб добија отказ, а клубот ќе се обиде да ги спаси поранешните легенди Манчини, Евани и Ломбардо.

Евани, кој беше помошник селектор на репрезентацијата кога Италија под водство на Роберто Манчини го освои ЕУРО 2020, е нов селектор на Самп. Помошник ќе му биде Ломбардо, а во спасувачката акција се вклучи и Манчини.

„Роберто е со нас и сигурно ќе ни помогне да се вратиме на вистинскиот пат. Неговата улога не е формална, пријателите не мора да бидат постојано таму, но неговото присуство секако ќе биде постојано и ќе се почувствува”, изјави претседателот на клубот – Матео Манфреди за „Sky Sport“.

Манчини ја предводеше Италија до европската круна, со Интер три пати беше шампион на Италија, го предводеше и Манчестер Сити до првата титула по 44 години чекање, ги тренираше и Лацио, Фиорентина, Зенит и Галатасарај, а последната работа му беше на клупата на саудиската репрезентација која ја водеше од август 2023 до 20 октомври.

Манчини го носеше дресот на Сампдорија 15 години и е рекордер на клубот по бројот на настапи (567) и голови (171). Беше дел од тимот што го освои единственото „скудето“ во историјата на клубот во 1991 година, како и Купот на победниците на куповите (1990 година). Тогаш, тој и сега починатиот Џанлука Вијали формираа еден од најсмртоносните напаѓачки парови.

Би можело да ве интересира

„Пандорините документи“ ги исфрлија и активите на Манчини и Виали на Британските Девствени Острови

А1он