ПСЖ почна со победа во новиот шампионат на Франција

Од:

Екипата на ПСЖ со победа го почна новото првенство во француската Лига 1 откако попладнево како домаќин на „Паркот на принцовите“ во Париз го совлада Амиен со 2:0.

Стрелци на головите беа Единсон Кавани во 42.минута и Хавиер Пасторе во 80.минута.

Новото засилување на ПСЖ Бразилецот Нејмар немаше право на настап. Тој натпреварот го проследи од трибините, а воедно беше и претставен пред навивачите.

На вчера одиграниот дуел од првото коло првакот Монако на домашен терен го совлада Тулуз со 3:2.

Вечерва во терминот од 20 часот се играат натпреварите: Олимпик Лион – Стразбур, Мец – Генгамп, Монпеље – Каен, Сент Етиен – Ница и Троа – Рен.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелите: Лил – Нант, Анже – Бордо и Олимпик Марсеј – Дижон.