Турските навивачи го прекинаа мечот од Лигата на шампиони до 19 години помеѓу Галатасарај и Андерлехт кој се играше во Брисел.
Навивачите на Галатасарај на трибините имаа закачено пароли со навредлива содржина насочени кон Србите, а покрај нив имаше знамиња на Турција, Албанија и Косово.
Во втората минута од мечот Турците почнаа да фрлаат со факели на терен, со скандирање „убиј го Србинот“ и „Сите Срби ќе завршат како Марко“.
Главниот судија одлучи да го прекине мечот додека навивачите не се смират.