Потоп за хрватските ракометари на Европското првенство во Германија

Од:

Ракометарите на Исланд убедливо ја совладаа селекцијата на Хрватска со резултат 35:30 (16:18) во третото коло од втората фаза на Европското првенство во Германија.

На овој начин Хрватите беа елиминирани, додека Исланд ќе се обиде во последното коло заедно со останатите резултати да се избори за олимписките квалификации.

Хрватска во осмата минута имаше предност од 8:4, а на полувремето разликата падна на +2 (18:16).

Но, во вториот дел дојде до целосен колапс на играта на хрватската репрезентација, а Исланд експлодира како никогаш досега во текот на првенството.

До средината на вториот дел беше гол по гол, а потоа Хрватите влегоа во неволја и цели осум минути не успеаја да постигнат гол.

Во тие моменти блескаше голманот Густафсон кој мечот го заврши со 13 одбрани.

Ова го искористија ракометарите на Исланд и го добија натпреварот со 6:0 во своја корист и за првпат во историјата на големите натпреварувања ја совладаа Хрватска.

Исланд сега има два бода и ќе се прости од натпреварувањето со мечот против Австрија во последното коло.

Хрватите остануваат на еден бод, пренесени од првата фаза, а турнирот ќе го завршат со дуел против домаќинот Германија.

Би можело да ве интересира

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Хрватскиот селектор Сигурдсон: Ова е волшебна ноќ, вакво нешто се случува еднаш во десет години

А1он

Неверојатен меч во Загреб – Хрватска во последната секунда обезбеди полуфинале

А1он