Почина Тито Виланова

Од:

Шокантна вест за сите љубители на фудбалот доаѓа од Шпанија. Тито Виланова ја изгуби битката со ракот и почина денес во болницата во Барселона.

Поранешниот тренер на Барселона веќе две години се бори со опасната болест, а ситуацијата нагло се влоши синоќа кога беше итно опериран.

Денес Виланова почина во 45-та година од животот, соопштија медиумите во Шпанија, а потврди и официјалнкиот сајт на Барселона.

Оваа вест, иако по долго боледување сепак го потесе фудбалскиот свет.