Почина газдата на Фиорентина, Роко Комисо

Од:

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, почина на 76-годишна возраст, соопшти клубот од Фиренца.

„Со голема тага и заедно со неговата сопруга Катерина, децата Џузепе и Мариса и сестрите Италија и Рафаелина, објавуваме дека претседателот Роко Комисо почина. По долга борба со болеста, тој нè напушти утрово“, се вели во соопштението, пренесува Анса.

Комисо почина во САД, каде што живееше.

Комисо е роден во Марина ди Џоцо Јоника (Калабрија) на 25 ноември 1949 година.

Тој е сопственик на Фиорентина од летото 2019 година.

Под негово водство, клубот од Фиренца стигна до две финалиња на Конференциската лига и едно финале на Купот на Италија.

Би можело да ве интересира

Легендарниот фудбалер на Фиорентина е пронајден мртов

(ВИДЕО) Повторно фудбалер на Фиорентина се сруши на терен, играчите панично повикуваа помош

А1он