Педри: УЕФА да го истражи судијата Марчинијак, oва не е првпат да не оштети

Од:

Барселона и Интер синоќа го завршија еден од најдобрите полуфиналиња во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите. Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат 3:3, Интер успеа да постигне уште еден гол во продолжението и да се пласира во финалето.

Полскиот судија Шимон Марчинијак исто така беше во фокусот по натпреварот.

Фудбалерите, тренерот, навивачите на Барселона и каталонските медиуми се жалат на неговото судење.

Ѕвездата на Барселона, Педри се огласи и ја повика УЕФА да го истражи овој натпревар.

„Ова не е првпат овој судија да не оштети. УЕФА треба да покрене истрага. Секоја ситуација која беше 50-50 одеше во прилог на Интер. Некои работи не ги разбирам и тешко ми е да ги објаснам”, изјави Педри на темата на судењето.

Неговите тврдења во изјава за медиумите ги повтори тренерот на Барселона, Ханси Флик, но тој не повика на истрага.

Но, ништо нема да се промени. Интер на 31. мај ќе го одигра финалето на Лигата на шампионите во Минхен против победникот од дуелот помеѓу ПСЖ и Арсенал.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ потсети дека односот меѓу полскиот судија Марчинијак и Реал Мадрид е „пријателски“, а извадиле и видео од него во соблекувалната со торба со логото на кралскиот клуб.

Марчинијак го поништи пеналот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез во осминафиналето на овогодинешната Лига на шампиони за Реал.

Би можело да ве интересира

Флик воведе голема казна во Барса – 10 минути доцнење чинат 40.000 евра

А1он

Кандидатот за претседател на Барселона најави дека ќе го врати Меси во клубот

А1он

„Влаховиќ ќе оди во Барселона“

А1он

Ја најде ли Барса замената за Левандовски?

А1он

Барса го гледа Кејн како наследник на Левандовски: Немам никаков контакт, малку е веројатно…

А1он

(ВИДЕО) По две години Барселона играше на „Камп Ноу“ – го победи Билбао со 4:0

А1он