Ослободени од обвинение се Сеп Блатер и Мишел Платини

Од:

Поранешниот претседател на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА), Сеп Блатер и поранешниот прв човек на Европската фудбалска унија (ЕФА), славниот француски фудбалер Мишел Платини, се ослободени од обвиненијата за корупција поврзани со наводната измама во чадорот на светската фудбалска организација.

Апелациониот суд во Мутенц, во близина на Базел, Швајцарија, денеска ги ослободи двајцата лидери од обвиненијата поврзани со исплата на два милиони швајцарски франци (2,1 милиони евра) на Блатер во 2011 година.

И двајцата постојано негираа дека ги извршиле злосторствата.

Двајцата претходно беа ослободени од обвиненијата за измама во 2022 година, но швајцарските федерални обвинители ја обжалија пресудата.

Долготрајниот случај трае од 2015 година, кога ФИФА се соочи со обвинувања за измама и корупција, што кулминираше со драматична рација во Цирих, која беше резултат на посебна американска истрага.

Најголемиот скандал во историјата на фудбалот е поврзан со дослух на функционери од раководни тела и раководители на спортски маркетинг, заедно со извршување на повеќе кривични дела – измама, поткуп, рекет и перење пари.

Тоа го принуди Блатер да поднесе оставка и ги згасна надежите на Платини да го наследи како претседател на ФИФА.

Во оваа постапка, швајцарското обвинителство го обвини 89-годишниот Блатер и дваесет години помладиот негов колега дека ја измамиле ФИФА за исплатата на Платини, со наводи за фалсификување и измама во случајот.

Тие рекоа и дека исплатата „нема законска основа“.

Двајцата тврдеа дека трансферот е доцнење со плаќањето за советодавната работа на Планити до ФИФА.

Блатер на првото судење сведочеше дека во 1998 година побарал од Платини да работи како негов советник.

Тој додаде дека тогаш ФИФА не можела да си ја дозволи годишната сума од еден милион швајцарски франци што ја барал Платини.

Наместо тоа, тие се договорија за намалена годишна такса од 300.000 швајцарски франци, а остатокот ќе биде платен подоцна.

„Конечно, судот донесе правда за мене, моето семејство и моите пријатели. Ова е голема работа. Во моментов сум полн со емоции“, им рече Блатер на новинарите по пресудата.

Платини им рече на новинарите дека неговото „прогонство“ сега е „целосно завршено“, додавајќи: „Денес ми е вратена честа и многу сум среќен“.

Би можело да ве интересира

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

Обвинителството ќе се жали на пресуда што ја добија Блатер и Платини

ФИФА му изрече нова суспензија на Сеп Блатер

ФИФА поднесе нова тужба против поранешниот претседател Блатер

Жарко Настоски

Падна едно од обвиненијата за корупција против Блатер

А1он

ФИФА и понатаму бара 2 милиони франци од Платини

А1он