Одредени групите за 45.то издание на ракометниот турнир „Струга 2017“

Од:
На 45. издание на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2017“ што ќе се игра од 12 до 15 август ќе настапат шест екипи, кои се поделени во две групи. Денеска со извлекување беа одредни групите со полудиригирана ждрепка, а учесниците од Лигата на шампионите (Металург и Бешикташ) беа одредени за носители.
Групата А ја сочинуваат: Охрид, Бешикташ, Алингсас, додека во групата Б се: Металург, Струга, Шатр.
Победниците од групите ќе играат во финалето, а од лани победничкиот пехар ќе го брани француската екипа Шатр.
Натпреварите ќе се играат на теренот на „Женска плажа“ во Струга.