Обрван бара максимална мотивација од неговите избраници

Од:

Македонската ракометна репрезентација од денеска се наоѓа во Атина каде утревечер против нашата соседна држава ќе го одигра првиот дуел од баражот за пласман на Светското првенство 2015 во Катар. Селекторот Ивица Обрван од македонските ракометари побара максимална мотивираност во текот на сите 60 минути.

– Македонија ја има фавоортската улога. Но, кај играчите како да се чувствува крајот на сезоната. Сепак мора да се одиграат уште овие два натпревара. На располагање тука имаме 17 играчи, а кој ќе отпадне ќе биде познато утре пред натпреварот. Кој и да настапи ќе мора да го даде својот максимум. Мотивот не смее да изостане, изјави Обрван пред единствениот тренинг во Атина.

Селекторот на противничката репрезентација најави силен отпор.

– Нашата селекција е подмладена во однос на последните дуели. Имаме 6-7 нови играчи. За нас е добро и што стигнамве до ова ниво. Но, ќе се обидеме да прикажеме што е можно посилен отпор. За да го направиме тоа ќе мора пред се да ги намалиме грешките, да нема противникот контри. Знаеме дека најголемата опасност доаѓа од Кирил Лазаров играч од светскиот врв, изјави Јоргос Каранаикис.

Во ниту еден момент селекторот на нашиот јужен сосед не кажа Македонија, туку неколку пати изјави „вашиот тим“.

Натпреварот Грција – Македонија започнува во 18 часот.