Нов пораз на јуниорките на Македонија на ЕП во Словенија

Од:

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија попладнево претрпе нов пораз на Европското првнество што се одржува во Цеље, Словенија.

Македонија денеска загуби од Португалија со 35:22 (17:12) во натпревар за пласман од 13-16.место.

Најефикасна во нашиот состав беше Ива Божиновска со 6 голови, а најдобра голманката Слободанка Кическа.

Во вториот дуел за пласман Хрватска ја победи Србија со 27:18. Утре во 12 часот нашите јуниорки го играат последниот натпревар на шампионатот (дуелот за 15.место) против селекцијата на Србија. Почетокот на натпреварот е во 12 часот.