Фудбалскиот премиерлигаш Њукасл е пред голема одлука која треба да биде донесена до крајот на неделата.
Претседателот на клубот Јасер Ал Румајан ќе се договори со челниците за понатамошната иднина на стадионот „Сент Џејмс Парк“.
Постојат две опции во играта.
Едната е сериозна реконструкција за да се зголеми капацитетот од 52.000 на 60.000 седишта, а другата е да се изгради целосно нов стадион со 70.000 седишта.
Според медиумите во Англија, претседателот на клубот ја претпочита втората опција и целосно нов објект, а во меѓувреме Њукасл мора да најде привремен дом додека не се реши се.
Како што сега стојат работите, најреален потег е преселбата во Шкотска, поточно во главниот град Единбург, каде „страчките“ би играле на стадионот „Марејфилд“ на шкотскиот рагби тим.
Бидејќи Единбург е оддалечен само 200 километри од Њукасл, и е совршено поврзан со сите копнени транспортни средства, јасно е дека звучи сосема очекувано Њукасл да се согласи на таков потег.