Холандскиот фудбалски стручњак Руд ван Нистелрој го напушти Манчестер јунајтед, соопшти вечерва англискиот клуб.
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим одлучи Ван Нистелрој да не биде дел од неговиот стручен штаб.
“Манчестер јунајтед може да потврди дека Руд ван Нистелрој го напушти клубот. Руд се врати летото и оттогаш го презеде тимот на последните четири натпревари како привремен менаџер. Руд е легенда на Манчестер јунајтед и секогаш ќе биде. Ние сме благодарни За неговиот придонес и начинот на кој тој и пристапи на својата улога за време на неговиот престој во клубот, тој секогаш ќе биде добредојден на „Олд Трафорд“, соопштија од клубот.