Тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ пред вечерашниот натпревар против Партизан даде интересна изјава.
– Задоволство е да се игра против српскиот Бостон Селтикс, тим кој има дадено голем број европски и светски шампиони, тим во кој настапувале НБА играчи и работеле многу врвни тренери, како што е сега случајот со Александар Џикиќ. За мене, Партизан е најпријатното изненадување во тековната АБА лига. Големиот фаворит, има седум победи по ред. За нас е чест што ќе играме на Божик, во Америка овие натпревари се најгледани. Играме против еден од најголемите и секако, најтрофејните клубови во регионот. Тоа автоматски бара од нас да сме на највисоко ниво, рече Николиќ.
Дуелот од АБА лигата меѓу Партизан и Карпош Соколи на програмата е вечерва од 21 часот.