Неверојатна сцена во Холандија – еден од тимовите играше со 12 играчи, судиите не го забележаа тоа

Од:

Неверојатна сцена се случи на натпреварот од холандската Ередивизија помеѓу Херенвен и Фортуна Ситард.

Имено, гостите во еден момент имаа 12 играчи на теренот и никој не го забележа тоа. За работите да бидат уште полоши за домашните, Фортуна ја искористи таа бројчана предност, постигна гол и дојде до бод на овој меч.

Тренерот на гостинската екипа направи две измени во 88. минута, а еден од играчите кој беше заменет остана на теренот.

Фортуна успеа да ја затресе мрежата на ривалот преку Гут во 90. минута. Тој гол беше доволен за реми.

– Мислам дека тоа што се случи е многу посебно. Фортуна имаше 12 играчи на теренот. Се чини дека тоа е дозволено и возможно. Никогаш не разговарам со судиите и ги оставам да си ја завршат работата, но тие не можат да играат со 12 играчи. Тоа е незамисливо. Го прашав четвртиот судија дали треба да направи нешто. Не можеш да си играш со 12 луѓе, тоа навистина не можам да го разберам. Мислам дека ова е навистина скандалозно – изјави тренерот на Херенвен, Робин ван Перси.

Натпреварот заврши со резултат 2:2.