Нејмар: ПСЖ ми е голем предизвик, ќе направам сè за тимот

Од:

„Пресреќен сум што потпишав за ПСЖ. Откако пристигнав во Европа, овој тим е еден од најдобрите. За мене тоа е голем предизвик. Мотивација да потпишам за овој клуб ми даде амбициозниот план и навивачите кои сакаат титули. Веќе четири години сум во Европа, подготвен сум за предизвикот. Ќе направам сè да му помогнам на тимот“, изјави бразилецот Нејмар, по потпишувањето на  договорот, кој го прави еден од најплатените фудбалери на денешницата.

Нејмар потпиша петгодишен договор со француски ПСЖ.  Стазнува збор за еден од најскапите трансфери во историјата.

Фудбалскиот клуб Барселона претходно соопшти дека преставниците на Нејмар лично во четвртокот биле во клупските простории и уплатиле 222 милиони евра во негово име. На овој начин еднострано е раскинат договорот кој ги спојуваше двете страни.