МЗТ за освои третата титула

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по трет пат, и тоа едно по друго, ја освоија титулата шампион на Македонија.

Тие вечерва во СЦ Борис Трајковски го добија четвртиот натпревар од финалето на плејофот совладувајќи го градскиот ривал Работнички со 88:79.

Најзаслужен за третата победа на МЗТ Скопје беше Ѓорѓи Чековски, кој средбата ја заврши со учинок од 21 поен, осум скокови и четири асистенции.

МЗТ сезоната ја круниса со двојна титула откако претходно триумфираше и во национбалниот куп на Македонија.

mzt rab (4)

mzt rab (3)

mzt rab (1)