Мурињо не е задоволен од досегашниот фудбал на Мундијалот – само еден меч го импресионираше

Од:

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, новиот тренер на Реал Мадрид, не е задоволен од текот на актуелниот фудбалски Мундијал.

– Морам да бидам искрен. Некои натпревари ги исклучувам по десет минути – рече Мурињо.

Португалецот верува дека проширувањето на турнирот на 48 национални тимови влијаеше на квалитетот на натпреварувањето.

– Не ми се допаѓа тоа чувство. За мене, Светското првенство е врв на врвот. Не е можно да се гледа 7:1 или 5:1 тука. Ова е Светско првенство – рече тој.

Нагласи дека турнирите се дополнително посебни.

– Убаво е затоа што целиот свет дише за фудбал – додаде Мурињо.

Тој издвои еден дуел како единствен натпревар што навистина го импресионираше.

– Бразил – Мароко беше одличен натпревар – нагласи Жозе Мурињо.

Би можело да ве интересира

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он

ВИДЕО: Хаос во Аргентина по поразот во финалето, најмалку 15 уапсени