Спектакуларниот египетски напаѓач Мохамед Салах (32) потпиша нов договор со Ливерпул носејќи часовник вреден 841.000 евра на левата рака.
View this post on Instagram
Британскиот „Дејли Меил“ откри дека се работи за модел на швајцарскиот бренд на луксузни спортски часовници „Ричард Мил“. Целосното име на часовникот е Richard Mille RM 17-02 Tourbillon Titanium и може да се купи онлајн по наведената цена.
Многу навивачи на Ливерпул не обрнаа внимание на овој детал под впечаток на толку важна вест дека Салах потпиша нов договор и ќе остане член на гигантот од „Енфилд“ до јуни 2027 година.
Неговиот нов договор завршува точно една деценија по неговото пристигнување од Рома за 42 милиони евра во летото 2017 година, што се покажа како еден од најпрофитабилните трансфери на Ливерпул.