10 и 13-годишните млади фудбалери на ФК Водно, вчера се вратија од Шпанија како шампиони, со освоено прво место.

Фудбалерите се победници во своите категории на силниот и престижен турнир „Овиедо Куп“ кој изминатите денови се одржуваше во Шпанија, во Овиедо.
Од клубот гордо споделуваат дека ова е фантастичен успех на младите фудбалерчиња на овој македонски клуб, кои јасно покажаа и докажаа дека и во Македонија имаме супер – таленти, кои чекаат да дојдат на големата сцена.
